Љупчо Николовски, претседател на ЕК „Нов ветер“ за „Слободен печат“: Македонскиот спорт збогатен со несекојдневен настан

Фото: Petar Paunche Skitnik

За прв пат во историјата на македонското едриличарство, минатиот викенд на 6 и 7 јули на Охридското Езеро се одржа првиот натпревар – регата, во МАКЕДОНСКАТА СЕНИОРСКА ЛИГА ВО ЕДРЕЊЕ ВО КЛАСА „ФАР ИСТ 23Р“ – СЕЗОНА 2024, во рамките на ЕФСМ во организација на едриличарскиот клуб „Нов ветер“ од Скопје.

Со оваа регата и со воспоставување на оваа лига, се отвора едно ново поглавје во натпреварувачкото едрење за сениори, како во Македонија, така и во целиот регион. Регатата беше квалификациска, а победникот ќе ја претставува нашата земја на европскиот куп што за прв пат ќе се одржи на овие простори во класата Меч рејс (Match Race). На европскиот куп ќе земат учество тимови од европските едриличарски велесили каде што секако ќе се натпреварува и македонски тим со своја посада. Полето на натпревар ќе биде Охридското Езеро.

Честитки до сите учесници, посебно до победничката екипа, како и до сите што помогнаа ова натпреварување да се оствари Match Race Sailing Club, „Акватика Јахтинг“ Охрид – „Aquatica Yachting“ Охрид.

Фото: Petar Paunche Skitnik

Резултати – Лига Фарист 23Р 07.07.2024 финални трки:

Прва трка се одржа со старт во 10:09 часот а резултатите се:
1. Петар Јованоски ЕК Нов Ветер брод Скечерс, 1 бод
2. Стефан Ставрев ЕК Акватика брод Цевитана, 2 бода
3. Никола Бараковски ЕК ОЛС брод Магнус, 3 бода
4. Сашо Добревски ЕК Нов Ветер брод Висион, 4 бода.

Втора трка се одржа со старт во 10:56 часот а резултатите се:
1. Петар Јованоски ЕК Нов Ветер брод Скечерс, 1 бод
2. Стефан Ставрев ЕК Акватика брод Цевитана, 2 бода
3. Никола Бараковски ЕК ОЛС брод Магнус, ДНФ, 5 бода
4. Сашо Добревски ЕК Нов Ветер брод Висион, ДНФ 5 бода.

Трета трка се одржа со старт во 11:50 часот а резултатите се:
1. Никола Бараковски ЕК ОЛС брод Магнус, 1 бод,
2. Стефан Ставрев ЕК Акватика брод Цевитана, 2 бода
3. Петар Јованоски ЕК Нов Ветер брод Скечерс, 3 бода
4. Сашо Добревски ЕК Нов Ветер брод Висион, 4 бода.

Фото: Petar Paunche Skitnik

Вкупен пласман:
По одржаните трки, постигнат е следен резултат:

Прво место
Петар Јованоски ЕК Нов Ветер – брод Скечерс, 5 бода

Второ место
Стефан Ставрев ЕК Акватика – брод Цевитана, 6 бода

Трето место
Никола Бараковски ЕК ОЛС – брод Магнус, 9 бода

Четврто место
Сашо Добревски ЕК Нов Ветер – брод Висион, 13 бода

Петто место
Иво Илинчев ЕК Меч Рејс

Со надеж дека овој спорт има иднина во нашата држава, да им посакаме топло добредојде на идните посади учесници на Европскиот куп во едрење во класата Меч рејс (Match Race) што ќе се одржи во Охрид во период од 28 до 31 август 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот