Љупчо Николовски: Петре Шилегов е победник во Скопје, победуваме или водиме во над 25 општини

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ / 17 октомври 2021, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

СДСМ води во најмалку 25 општини на денешните локални избори, меѓу кои во Скопје, Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Карпош, Центар, Пробиштип, Шуто Оризари, Македонска Каменица, Чашка, Росоман, Ново Село, Старо Нагоричане, Лозово, а пред ВМРО-ДПМНЕ е и во други општини како Куманово, Долнени, Дебарца, Струга и на други места, изјави вечерва генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Во врска со славјето пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски рече дека опозициската партија конструира лажна еуфорија.

„Ова не е арена за навивање, туку натпревар за подобар живот на граѓаните. Локалните избори секогаш имаат и втор круг, затоа Кочи Мицко!“, му порача Николовски на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека СДСМ на крај ќе освои повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ затоа што има поголем коалициски потенцијал.

– СДСМ и коалицијата ќе ги добијат овие избори зашто Северна Македонија никој не може да ја кочи. Ќе освоиме повеќе градоначалници во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и ќе доминира прогресот. ВМРО-ДПМНЕ е поразено во Скопје, рече Николовски.

Николовски посочи дека првичните резултати доаѓаат по целосно пребројани гласови во компјутерскиот центар на партијата.

– До овој момент кандидатот на Куманово водеше, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ не е ни фактор во Куманово, не влегува ни во вториот изборен круг. Мртва трка се води во Бутел, информираше шефот на изборниот штаб на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот