Љубовно писмо за новинарите: „Француската Газета“ од Вес Андерсон доживеа деветминутни овации во Кан

вес ангерсон француска газета
ФОТО: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Новиот филм на Вес Андерсон „Француската Газета“, е инспириран и оддава почит на списанието „The New Yorker“ со својот легендарен список на писатели, славно инсистирање на стандарди, колегиумска канцелариска култура, карактеристична ликовна уметност, пренесува „The Guardian“.

Филмот, чија премиера беше одложувана поради ковид, бил прикажан на „Канскиот филмски фестивал“ и добил детминутни овации.

Во филмот, опишан како љубовно писмо до новинарите, глумат Бил Мари, Адриен Броди, Тимоти Шаламет, Тилда Свинтон, Елизабет Мос во формат на антологија во која се раскажуваат неколку приказни во Франција во 19 век.

Како што известува „Variety“, режисерот Андерсон им се обратил на толпата по премиерата, велејќи им: „Се надевам дека наскоро ќе се вратиме со друг. Ви благодарам.”

„The Telegraph“ ја нарекол приказната на филмот „химна на човечката љубопитност и импулси“, а сценариото „немилосрдна смеа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот