
Љубовен тест на личноста: Одговорете на шест прашања и дознајте каков партнер сака вашата душа
Направете го овој тест за личност и дознајте во кој правец оди вашиот љубовен живот. Земете лист и пенкало, одговорете на шестте понудени прашања, а потоа на крајот прочитајте ги одговорите, пишува „Сенса“.
Препорачано
1. Одите кон домот на вашиот партнер. До таму водат два патa. Кој го избирате?
- Првата патека е права и брзо ве носи до таму, но е многу обична и здодевна.
- Втората е кривулеста и полна со прекрасни пејзажи, но ќе ви биде потребно повеќе време за да стигнете до домот на саканата личност.
2. На патот гледате рози. Кои ќе ги наберете за вашиот партнер?
- 20 бели рози
- 20 црвени рози
- Мешавина од двете
3. Конечно пристигнувате до куќата на вашиот партнер. Звоните на вратата и некој од домашните ви отвора. Како ќе реагирате?
- Ќе ја замолите таа личност да го повика вашиот партнер.
- Ќе отидете сами до партнерот.
4. Сега одите горе, во собата на вашиот партнер. Нема никого. Каде ќе ги оставите розите?
- Покрај прозорецот.
- На креветот.
5. Подоцна доаѓа време за спиење. Вие и вашата сакана личност спиете во одделни соби. Како ќе го затекнете партнерот наутро кога ќе отидете кај него?
- Буден е.
- Спие.
6. Време е да се вратите дома. Кој пат ќе го изберете сега?
- Правиот, здодевен пат, кој ве носи брзо дома.
- Кривулестиот пат со прекрасен поглед, на кој можете да си одвоите време.
Резултати
1. Патеките го претставуваат вашиот став кон заљубувањето.
Ако го одбравте краткиот пат, се заљубувате брзо и лесно. Ако ја избравте долгата патека, ви треба време и не се заљубувате лесно.
2. Бројот на црвени рози претставува колку вие сте подготвени да дадете во врската.
Бројот на бели рози покажува колку очекувате да добиете од партнерот. На пример, ако сте одбрале 19 црвени и 1 бела роза, вие давате 95% во врската, но очекувате само 5% за возврат.
3. Ова прашање го покажува вашиот став кон решавањето на проблемите во врската.
Ако побаравте некој друг да го повика вашиот партнер, избегнувате директно соочување со проблемите. Ако сами отидовте до партнерот, сте директни и подготвени да се справите со предизвиците во врската.
4. Местото каде што ги оставивте розите покажува колку често сакате да го гледате партнерот.
Ако ги оставивте розите на креветот, ви е потребна сигурност и сакате да ја гледате саканата личност секој ден. Ако ги оставивте покрај прозорецот, немате потреба за чести средби и сте поопуштени во врската.
5. Ако вашиот партнер наутро спие, вие го прифаќате таков каков што е.
Ако е буден, значи дека очекувате од него да се промени.
6. Краткиот и долгиот пат сега претставуваат колку долго останувате заљубени.
Ако го избравте краткиот пат, лесно се одљубувате. Ако ја одбравте долгата патека, подолго страдате по раскинувањето.