Љубов после неверство: Кај овие хороскопски знаци не постои „втора шанса“

ренесанса
Фото: Carl Bloch - In a Roman Osteria (1866)

Можност за втора шанса најчесто се јавува во романтичните врски. Ако е партнерот неверен, дали ќе му простите? Или втора шанса нема ни да има? Еве за кои хороскопски знаци „втора шанса“ не постои во речникот:

Бик

Биковите не ја почнуваат врската брзо, но можат брзо да ја завршат. Не даваат втора шанса зашто полни се со самодоверба за тоа да го направат. Еднаш кога Бикот ќе науми нешто, многу е тешко да го натерате да го смени мислењето. Ако некој му згреши, а тој мисли дека тоа е неопростливо, веднаш ќе ве отпише. А штом ве отпише, тоа е засекогаш.

Скорпија

Ако барате втора шанса со Скорпијата, веројатно сте ја повредиле или издале, па засекогаш сте ја загубиле довербата. Ведна поздравете се со втората шанса, никогаш нема да се случи! Скорпиите не го пуштаат својот гнев туку -така. Скорпиите живеат според правилото – Ме измами еднаш, твој срам, ме измами по вторпат, мој срам.

Рак

Ракот е роден песимист, особено кога станува збор за втора шанса. Можеби некому и дале втора прилика, во минатото, ама веќе не сакаат пак да се изгорат. Ако еднаш го скршите срцето на Ракот, никогаш нема да може да се излечи. Подобро е еднаш да се научи лекцијата и да се тргне понатаму.

Јарец

Јарците знаат дека изгледите некој да ги искористи се големи, па затоа попрво ќе направат рез. На личноста која им згрешила ќе и посакаат се најдобро, само – веќе не ја сакаат во својот живот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот