ЛИЖЕЛА сладолед па и се закануваат 20 години затвор

На жена од САД и се заканува затворска казна од 20 години, откако била снимена како лиже сладолед во супермаркет, а потоа чашата со сладоледот ја вратила во фрижидер.

Видеото стана многу популарно, а полицијата на Лукин, Тексас, САД, соопшти дека започнале истрага за да го потврдат идентитет и на лицето кое го направило видеото.

Од супермаркетот изјавиле дека го отстраниле целиот бренд сладоледи што се појавил на видеото и дека ја нашле и оштетената чаша со сладолед.

Тексас е познат по строгите закони, а всушност обвинението за оштетување на потрошувачки производ може да води кон затворска казна од 20 години или парична казна од 10.000 долари, пренесува Топ Чанел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот