Лиза Мари Присли пред смртта се „гушела“ во долгови, подигнала животно осигурување од 35 милиони долари

Музичарката Лиза Мари Присли почина на 12 јануари, на 54-годишна возраст, како последица на срцев удар. Таа беше единствената ќерка на „кралот на рокенролот“ и плод на големата љубов помеѓу Елвис и Присила Присли.
Лиза го наследи талентот за музика од татко ѝ, а неверојатната убавина од мајка ѝ. Со други зборови, таа беше совршена комбинација, но животот не ѝ сервираше убави нешта.

Лиза на крајот од својот живот се соочувала со големи долгови, но непосредно пред смртта музичарката подигнала од осигурувањето 35 милиони долари. Таа подигнала две полиси за животно осигурување и имала намера да подигне и трета за да го исплати долгот од 4 милиони долари, а тоа се случило непосредно пред нејзината смрт, пишува „Daily Mail“.
Присли подигнала една полиса од 25 милиони долари, друга од 10 милиони долари, а семејни извори изјавиле дека третата полиса може да се процени на 10 милиони долари.

Таа поднела документи за паушална сума од 2 милиони долари, но полисата никогаш не била платена поради грешка во документацијата. Блиските на семејството велат дека непосредно пред смртта, домот на Лиза Мари бил преполн со пари.
Повеќе на темата:
Пиела апчиња за слабеење: Лиза Мари Присли ослабнала 20 килограми пред смртта