Лиза Мари Присли пред смртта се „гушела“ во долгови, подигнала животно осигурување од 35 милиони долари

Лиза Мари Присли / Фото: Profimedia

Музичарката Лиза Мари Присли почина на 12 јануари, на 54-годишна возраст, како последица на срцев удар. Таа беше единствената ќерка на „кралот на рокенролот“ и плод на големата љубов помеѓу Елвис и Присила Присли.

Лиза го наследи талентот за музика од татко ѝ, а неверојатната убавина од мајка ѝ. Со други зборови, таа беше совршена комбинација, но животот не ѝ сервираше убави нешта.

Елвис, Присила и Лиза Мари во 1968 година / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Лиза на крајот од својот живот се соочувала со големи долгови, но непосредно пред смртта музичарката подигнала од осигурувањето 35 милиони долари. Таа подигнала две полиси за животно осигурување и имала намера да подигне и трета за да го исплати долгот од 4 милиони долари, а тоа се случило непосредно пред нејзината смрт, пишува Daily Mail“.

Присли подигнала една полиса од 25 милиони долари, друга од 10 милиони долари, а семејни извори изјавиле дека третата полиса може да се процени на 10 милиони долари.

Лиза Мари Присли / Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Таа поднела документи за паушална сума од 2 милиони долари, но полисата никогаш не била платена поради грешка во документацијата. Блиските на семејството велат дека непосредно пред смртта, домот на Лиза Мари бил преполн со пари.

Повеќе на темата:

Трагичната животна приказна на Лиза Мари Присли: Го изгуби татка си на девет години, а син ѝ изврши самоубиство на 27-годишна возраст

Пиела апчиња за слабеење: Лиза Мари Присли ослабнала 20 килограми пред смртта

Болеста што ја уби Лиза Мари Присли е сѐ поприсутна кај жените: 5 симптоми што не треба да ги игнорирате

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот