Лиз Харли после 11 дена изолација ја измила косата и позира со моторна пила (ФОТО)
Англиската глумица и бивша партнерка на Хју Грант, Елизабет Харли (54), редовно покажува дека годините не и можат ништо и изгледа совршено и за време на пандемијата на коронавирусот.
Британската глумица има линија на која можат да и позавидат и помладите колешки.
Моментално се наоѓа во домашен кафантин со семејството, но ни коронавирусот не ја спречува да објавува атрактивни фотографии на социјалните мрежи. Сепак, фановите најмногу ги воодушевила фотографијата на која позира со моторна пила.
„Рачна работа“, напишала Лиз во опис на фотографијата и за кратко собра повеќе од 50.000 лајкови.
Лиз вели дека е многу среќна што има семејна куќа во помалку населено место и што е опкружена со природа додека трае изолацијата, а признала дека деновиве не се грижи за својот изглед, па воопшто не се шминка.
„По 11 дена конечно ја измив косата и ставив малку шминка. Имам неверојатна среќа да се наоѓам овде каде што имам толку природа околу себе“, призна Лиз.