Ливерпул во Вулверхемптон ќе ја бара замената за Вернер

EPA-EFE/PETER POWELL

Германскиот репрезентативец наместо на „Енфилд“ кариерата ќе ја продолжи на „Стемфорд бриџ“, а Клоп веднаш најде замена.

Иако постојано се шпекулираше дека Тимо Вернер на лето ќе се пресели во Ливерпул, од тој трансфер нема ништо бидејќи „црвените“ немаат 60 милиони евра за да ја платат откупната клаузула.

Поради тоа менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најде перфектна замена за Вернер, тој ќе се обиде во летниот преоден рок да го ангажира напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре.

Траоре кој е продукт на славната школа на Барселона, Ла Масија, сезонава на 22 натпревари постигна четири гола и имаше уште седум асистенции, а Клоп пред неколку месеци го нарече незапирлив.

За да се реализира овој трансфер Ливерпул ќе мора да продаде неколку фудбалери бидејќи буџетот за засилувања е околу 30 милиони фунти, додека Вулверхемптон бара двојно повеќе, 60 милиони евра колку што изнесуваше и клаузулата за Вернер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот