Ливерпул во судиското продолжение остана без победата
Брајтон и Ливерпул одиграа 1:1 во 10. коло од Премиер лигата откако домашниот тим до бодот дојде со голот на Паскал Грос од пенал во 93. минута.
Ливерпул може да жали за победата не само поради тоа што прими гол во судиското продолжение туку е дека му беа поништени два гола поради офсајд.
Веќе стана правило во Премиер лигата, ВАР технологијата да им создава големи проблеми на екипите, и повторно оштетен беше Ливепрул. Во втората минута од судиското продолжение на судијата Атвел од ВАР собата му јавија дека Енди Робертсон при избивањето на топката го шутна Велбек во казнениот простор. Снимката покажа дека тоа навистина се случило иако Робертсон немаше таква намера, но судијата досуди пенал кој Грос го реализира и му донесе голем бод на Брајтон.
Брајтон можеше многу порано да постигне гол, поточно во 20. минута кога Вилијанс направи прекршок во својот казнен простор, но Моуп не беше прецизен.
Во 34. минута Ливерпул преку Мохамед Салах постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Во второто полувреме, Ливерпул поведе во 60. минута преку Диого Жота за кого ова беше петти гол сезонава во Премиер лигата. Во финишот и Садио Мане постигна гол кој беше поништен поради офсајд, за Брајтон преку Грос да го шокира Ливерпул во 93. минута.