Ливерпул во пол позиција за последното место во кое носи во ЛШ
Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Барнли на гости со 0:3 во претпоследното коло од Премиер лигата и сами си ја кројат судбината, односно само од нив ќе зависи дали ќе играат во Лигата на шампионите идната сезона.
Во пресрет на последното коло во Премиер лигата, Ливерпул со триумфот над Барнли се искачи на четвртото место на табелата со 66 бода и има ист број бодови со Лестер но има и подобра гол разлика од „лисиците“.
ONE DOWN, ONE TO GO!
A BIG WIN FOR THE REDS AT TURF MOOR 😍
— Liverpool FC (@LFC) May 19, 2021
Ливепрул со евентуален триумф над Кристал Палас на „Енфилд“ во последното коло ќе игра во Лигата на шампионите, освен доколку Лестер не оствари убедлив триумф над Тотенхем бидејќи има послаба гол разлика од „црвените“. Ливерпул моментно има +24, додека Лестер е на +20.
Четвротото место на Ливерпул му го донесоа Роберто Фирмињо кој во 43. Минута го отвори резултатот, Нејт Филипс кој постигна гол во 522 минута и Алекс Окслејд-Чембленд кој во финишот го постави конечниот резултат.
Вест Хем со 1:3 како гостин го совлада ВБА и се искачи на шестото место на табелата со 62 бодови, три повеќе од Тотенхем и Евертон. Вест Хем до победата дојде со пресврт бидејќи домашниот тим поведе преку Переира во 27 минута по што следеа три гола на „чеканите“ преку Соучек, Огбона и Марко Антонио.
Резултати:
Евертон – Вулверхемптон 1:0
Њукасл – Шефилд Јун. 1:0
Тотенхем – Астон Вила 1:2
Кристал Палас – Арсенал 1:3
Барнли – Ливерпул 0:3
ВБА – Вест Хем 1:3