Ливерпул во чекор го следи Сити (ВИДЕО)

EPA-EFE/WILL OLIVER

По 35. Коло во Премиер лигата, Ливерпул е лидер на табелата со 88 бодови, два повеќе од Манчестер сити кој има и натпревар помалку, тој со Манчестер јунајтед кој ќе го одигра во среда.
Победата на „црвените“ му ја донесоа Вајналдум и Милнер со головите во второто полувреме.

За разлика од Ливерпул кој има серија од шест победи во низа, Арсенал загуби пред своите гледачи и си ги закомпликува шансите за освојување на четвртатат позиција која носи пласман во ЛШ. Арсенал загуби од Кристал Палас и остана на 66 бодови колку што има и Челси.

Озил (47) и Обамејанг (77) беа стрелци за Арсенал, додека трите бода за Кристал Палас ги обезбедија Бентеке (17), Заха (61) и Мекартур (69).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот