Ливерпул веќе шампион, Премиер лига со 22 екипи и се укинува Лига купот!?

фото: твитер

Многу повеќе „контроверзи“ би имало во одредувањето на учесниците во еврокуповите, доколку моменталната табела во Премиер лигата се земе во предвид како конечна.

Како што е веќе познато, Премиер лигата поради епидемијата на коронавирусот е одложена и ќе биде во карантин до 4 април.

Поради коронавирусот нема фудбал викендов во Премиер лигата, но затоа на многу теми шпекулираат британските медиуми, а едно од прашањата е дали сега да заврши сезоната 2019/20?

Исто така експертите во Англија предвидуваат дека многу мали се шансите Премиер лигата и Чемпионшип бидат продолжени после тринеделната пауза.

Фудбалерите на Ливерпул убедливо се првопласирани во Премиер лигата, имаат 25 бодови повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Нивниот поход кон првата титула во 30 години е прекинат поради заразата. А како што пренесува британскиот „Телеграф“, дури и да заврши сега сезоната, ништо драстично не би се променило на врвот во генералниот пласман.

Според овој извор Ливерпул веќе е шампион и воедно тврди дека голем број на клубови се против продолжување на натпреварувањето.

Многу повеќе „контроверзи“ би имало во одредувањето на учесниците во еврокуповите, доколку моменталната табела во Премиер лигата се земе во предвид како конечна.

Во тој случај Ливерпул, Манчестер сити (потсетување дека „граѓаните“ добија забрана од УЕФА), Лестер и Челзи, моментно први четири тима на табелата. Но, „Телеграф“ пишува, како постои идеја во ЛШ одат оние екипи што играа оваа сезона?! Звучи неверојатно..А тука дури е и додатокот, што Лестер и Манчестер јунајтед би можеле во некакви „квалификации“.

premierleague.com

Во ваков развој на ситуацијата тешко е да се поверува, ова што го „нудат“ Англичаните не би било баш по мерак на УЕФА.

Според „идејата“ на „Телеграф“ оваа сезона не би имало испаѓање од елитниот ранг и тоа се поклопува со гласините од Шпанија и Германија. Имено, сите три лиги се најблиску до одлуката наредната сезона да бројат по 22 клуба.

Исто е и во Шпанија, додека Германците сакаат да воведат и трет клуб од втората Бундеслига, односно според правилата тоа место донесува бараж и право на клубот да се бори за елитата. Е сега, со цел Бундес лигата да не брои непаран број на учесници, четвртопласираниот Хајденхајм би бил почестен со прво учество во најсилната германска лига во историјата.

Конкретно во Англија нови членови би биле ВБА и Лидс на нашиот Алиоски, моментно првопласираните две екипи во Чемпионшип. А на лето 2021 би испаднале пет екипи.

twitter/MANCHESTER CITY FR

Во лига со 22 екипи и 42 кола, распоредот би бил уште погуст. Затоа постои и план Англичаните за наредната сезона да го укинат Лига купот, можеби најмалку важно натпреварување.

Па така, термините во тоа натпреварување би ги преземала Премиер лигата и проблемот би бил решен.

Значи, сето ова се само претпоставки, предвидувања, шпекулации, останува да се види што ќе се случува во наредните месеци…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот