Ливерпул со пресврт до историја (ВИДЕО)

твитер

„Црвените“ со 2:1 го совладаа Борнмут во рамките на 29. коло од Премиер лигата и испишаа нови страници во историјата.

Со новите три бода, фудбалерите на Ливерпул дојдоа до бројката од 82 бода по 29 кола, што е највеќе за една екипа во елитниот клупски фудбал. Ливерпул во досегашниот дел од сезоната има скор од 27 победи и по еден пораз и реми.

Избраниците на Јирген Клоп пред своите гледачи ја прекинаа серијата од два порази, и тоа по пресврт.

Гостите го шокираа „Енфилд“ уште во деветтата минута кога поведоа преку Калум Вилсон. Сепак, до крајот на полувремето домашните фудбалери благодарение на головите на Мохамед Салах и Садио Мане направија пресврт и дојдоа до трите бода.

Со голот кој го постигна во 25. минута, Мохамед Салах стана првиот фудбалер на Ливерпул по Мајкл Овен (2001) кој во три сезони по ред постигнува најмалку 20 гола во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот