Ливерпул со пораз ја почна одбраната, Борусија и Барселона без муниција

Екипата на Ливерпул со пораз ја започна одбраната на титулата во елитното европско натпреварување. Идентично како и минатата сезона, „црвените“ загубија со 2:0 на гостувањето во Неапол кај Наполи. Дрис Мертенс во 82. минута со голот од пенал ја најави победата, додека трите бодови ги обезбеди Фернандо Љоренте во судиското продолжение.

Второто дерби на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, на „Сигнал Идуна парк“, Борусија Дортмунд и Барселона одиграа без голови.
Отворањето на новата сезона ја одбележа фудбалерот на Салзбург, Халанд кој во победата од 6:2 над Генк, постигна хет-трик и тоа во првото полувреме.

Резултати:
Интер – Славија 1:1
Лион – Зенит 1:1
Ајакс – Лил 3:0
Бенфика – Лајпциг 1:2
Борусија – Барселона 0:0
Челси – Валенсија 0:1
Наполи – Ливерпул 2:0
Салзбург – Генк 6:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот