Ливерпул со една нога во полуфиналето (ВИДЕО)

EPA-EFE/PETER POWELL

На Ливерпул му беа потребни само 45 минути да ги реши сите дилеми околу победникот во дуелот со Порто во првиот четвртфинален натпревар во ЛШ. Наби Кеита во 5. минута го отвори резултатот, а Роберто Фирмињо во 26 минута го постави конечниот резултат.

Сепак, тренерот на Ливерпул Јирген Клоп ги предупредува своите играчи дека се уште ништо не е готово за пласман во полуфиналето ќе мора да се одиграат уште 90 минути.

– Среќни сме од играта и резултатот но ова беше прв натпревар и не очекува доста неизвесен реванш. Постигнавме два гола и ја контролиравме играта во поголем дел на натпреварот. Иако 2:0 е добар резултат, се уште ништо не е готово, мора да се бориме во реваншот – вели Клоп.

Двете екипи се сретнаа и минатата сезона, во осминафиналето и како победник излезе Ливерпул кој го елиминира Порто со вкупен резултат 5:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот