Ливерпул сигурно чекори кон титулата, прецртан е и Тотенхем (ВИДЕО)

twitter/Premier League

„Црвените“ во дербито на 22. коло како гости го совладаа тимот од Лондон.

Екипата на Ливерпул ја продолжува неверојатната доминација во Премиер лигата и во 22. Коло дојде до 20. победа. Последна жртва на „црвените“ е Тотенхем кој е совладан со минимални 0:1. Човек на одлука беше  Роберто Фирмињо кој во 37. Минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Во второто полувреме, Ливерпул одлучи да го брани водството и му дозволи на Тотенхем да го  контролира поседот на топката и таквата игра можеше да им се одбие од глава.


Уште на стартот од вториот дел, Сон од десетина метри шутираше над голот на Алисон, додека во самиот финиш на натпреварот, Ло Селсо во петерецот на Ливерпул соби одлична топка од Орие но шутираше покрај стативата.

По 22. кола, Ливерпул има 61 бод, дури 16 повеќе од второпласираниот Лестер, а има и наптревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот