Ливерпул продолжува во шампионски ритам, Сити го растури Њукасл и постави неверојатен рекорд
Новиот шампион во Премиер лигата, Ливерпул им се врати на победите по дебаклот од Манчестер сити и ја оствари втората победа по ред. Овој пат „црвените“ со 1:3 славеа на гостувањето кај Брајтон и потврдија дека до крај ќе играат максимално ангажирано.
Ливерпул уште во првите осум минути постигна два гола преку Мохамед Салах и Џордан Хендерсон, додека домашниот тим во самиот финиш од првиот дел преку Леандро Тросард ја врати неизвесноста.
Сепак, крај на дилемите околу победникот стави Мохамед Салас во 76. минута со својот второ гол. Ливерпул по 34 кола има 92 бода и реални шанси да дојде до магичната бројка од 100 освоени бодови во една сезона, додека Брајтон е на 15. позиција со 36. бода, девет повеќе од опасната зона и речиси сигурно си го обезбеди опстанокот во Премиер лигата.
Претходно Манчестер сити со 5:0 го декласира Њукасл, а на натпреварот постави неверојатен рекорд. „Граѓаните“ имаа 93.7% успешни додавања (787 од 840) што е најдобар процент откако од сезоната 2003/04 се води ваква статистика.
93.7 – Manchester City completed 93.7% of their passes against Newcastle (787/840), the highest recorded figure in a Premier League game since full passing data is available (2003-04). Pollock. pic.twitter.com/RDlj2DRUjS
— OptaJoe (@OptaJoe) July 8, 2020
Головите за Сити ги постигнаа Габриел Жесус, Ријад Марез,Давид Силва, Рахил Стерлинг и Фернандез кој со постигна автогол.
Резултати 34. коло:
Манчестер сити – Њукалс 5:0
Шефилд Јун. – Вулверхемптон 1:0
Вест Хем – Барнли 0:1
Брајтон – Ливерпул 1:3