Ливерпул останува перфектен во Премиер лигата (ВИДЕО)

Ливерпул продолжува со одличните игри во Премиер лигата и со максимални 18 бодови од шест натпревари останува лидер на табелата.
Последна жртва на „црвените“ е Челси кој е совладан со 1:2 и тоа на „Стемфорд Бриџ“. Трент Александер-Арнолд во 14. минута му донесе водство на Ливерпул, а до крајот на полувремето погоди и Роберто Фирмињо.

Во вториот дел, Челси заигра поагресивно и успеа да постигне само еден гол преку Нголо Канте, но тоа не беше доволно за пресврт.

Затоа пак, супер пресврт имаше на вториот натпревар кој се играше во Лондон. Арсенал со играч помалку успеа во финишот да постигне два гола и да ја совлада Астон Вила со 3:2.


Мекгин ги шокира навивачите на „Емирати“ со голот во првото полувреме. Во вториот дел, Николас Пепе во 59. минута израмни на 1:1, но радоста на „топчиите“ траеше само две минути, Весли погоди за предност на Астон Вила од 1:2. Сепак, во финишот, фудбалерите на Арсенал успеаја да направат пресврт и да постигнат два гола преку Чемберс и Обамејанг за важна победа од 3:2.

За разлика од Ливерпул и Арсенал, екипата на Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи губејќи на гостувањето кај Вест Хем со 2:0. Јармоленко и Кресвел ја тресеа мрежата на Давид де Хеа за триумф на Вест Хем.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот