Ливерпул од денеска има нов дрес и нов производител

Англискиот шампион денеска објави како ќе изгледа нивниот дрес во сезоната 2020/21.

По пет години соработка со Њу Баланс, Ливерпул од денеска има нов производител, Најки.

Договорот со Њу Баланс беше раскинат, работата дојде до британскиот суд кој на крајот пресуди во корист на Ливерпул и кој од денеска ја започнува соработката со американскиот производител на спортска опрема.


Засега Најки и Ливерпул ги објавија дресот со кој фудбалерите ќе играат на домашните натпревари, и нема големи измени од минатото, единствен новитетсе тиркизните линии на ракавите и крагните. Тиркизната боја го претставува градот Ливерпул и потсетува на митската птица Ливер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот