Ливерпул „немаше“ среќа, Руни против Манчестер јунајтед! (ФОТО)

twitter.com/bet365

Манчестер сити ќе ги одмери силите против Шефилд Веднздеј, а Лестер ќе игра со подобриот меѓу екипите на Ковентри и Бирмингем.

Ждрепката во ФА купот одлучи Ливерпул да се соочи против Челзи, доколку лондонските „сини“ го елиминираат Шрезбери во четвртото коло од англиското фудбалско натпреварување.

Дефинитивно Редси немаа „среќа“, а од другите кандидати како најголеми фаворити за трофејот, Манчестер јунајтед можно е во осминафиналето да се соочи со својот поранешен соиграч, Вејн Руни.

Руни е играч и воедно менаџер на Дерби кој доколку сака дуел против „црвените ѓаволи“ ќе мора прво да го елиминира Ридинг.

Манчестер сити ќе ги одмери силите против Шефилд Веднздеј, а Лестер ќе игра со подобриот меѓу Ковентри и Бирмингем.

Ждрепка за петтото коло, ФА куп –

Двојки:

Шефилд Веднздеј-Манчестер сити
Ридинг или Кардиф-Шефинд јунајтед
Челзи или Шрезбери-Ливерпул
Вест Бромвич-Њукасл или Оксфорд
Лестер-Ковентри или Бирмингем
Нортемптон или Дерби-Манчестер јунајтед
Саутемптон или Тотенхем-Норич
Портсмут-Борнмут

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот