Ливерпул не препушта ништо на случајноста, ангажира тренер за изведување аути

„Црвените“ сезонава делуваат како вистинска казнена експедиција, а во барањето перфекција, отидоа чекор понатаму и си ангажираа тренер за уфрлување на топката од аут.

Ливерпул засега игра неверојатно, има скор од дури 24 победи и само едно реми во Премиер лигата, со што се наоѓа на добар пат да собори неколку рекорди Англија.

Како главен „виновник“ за успесите на Ливерпул се посочува менаџерот Јирген Клоп и неговата детална работа, поточно посветување внимание и на најситните детали кои можат да ја унапредат играта.

Поради тоа „црвените“ ангажираа и специјалист за уфрлање на топката од аут, а резултатите се импресивни. Ливерпул минатата сезона беше трет најслаб тим во Премиер лигата во овој аспект од играта, а сезонава се втори во Европа.

Ваквиот импресивен напредок се должи на работата со Томас Гронемарк, специјалист за уфрлање на топката од аут. Единствен подобар тим од Ливерпул во овој сегмент во Европа е данскиот Митјиланд, вториот тим во кој работи Гронемарк.

– Кога слушнав за Томас, веднаш ми стана јасно дека сакам да го запознаам. А, кога се запознавме, бев 100% сигурен дека сакам да го ангажирам во Ливерпул. Едноставно никогаш не можете да имате премногу специјалисти во својот тим – одговори Клоп, на заводливите коментари на англиските новинари кога дознаа за новиот член на стручниот штаб во Ливерпул.

Дека Клоп внимава и најситниот детал во играта, доказ се и ангажманите на нутриционистката Мона Немер и кондицискиот тренер Андреас Корнмаер од Баерн Минхен.

Клоп беше во право кога мислеше дека Гронемарк ќе успее да го подобри и тој сегмент од играта на неговиот тим.

– Доколку очекувате професионалните фудбалери да бидат одлични и во уфрлувањето на топката од аут без вежбање, тогаш сте голем оптимист. Општо гледано, овој стандард во играта е многу низок, иако доброто уфрлање на топката од аут е предност – рече Гронемарк кога пристигна во Ливерпул.

Во септември минатата година статистиката покажа дека Премиер лигата е најлоша од сите големи лиги по просекот на задржување на топката по уфрлањето во игра со 48.6%, а Ливерпул пред доаѓањето на Гринемарк беше трет најслаб тим со тој сегмент со 45.5% посед на топката по уфрлање од аут.

По неколкумесечна работа со Гронемарк, резултатите на Ливерпул се импресивни, тие ја задржуваат топката 68.4% по уфрлањето и се втори во Европа, веднаш зад Митјиланд.

Бекот на „црвените“, Енди Робертсон го зголеми растојанието на кое на уфрла топката, од 19 на 30 метри, додека Џо Гомез постигна гол откако топката му беше додадена од аут. Фирмињо постигна гол против Тотенхем кога акцијата започна со изведување на аут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот