Ливерпул не го ангажира Мурињо поради неговото однесување

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Португалецот по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите во 2004 година со Порто, се најде на радарот на „црвените“.

Ливерпул по завршувањето на сезоната 2003/04 остана без тренер по заминувањето на Жерар Улие и токму Жозе Мурињо беше еден од главните кандидати да седне на клупата на англискиот тим.
На крајот, „црвените“ се одлучија за Рафаел Бенитез, а Мурињо заврши во Челси.

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер ја открива причината зашто управата не го ангажира Мурињо наместо Бенитез.

– Мурињо имаше предност во однос на Бенитез, но стилот и однесувањето на шпанскиот тренер пресудија во конечната одлука. Улие ја загуби работата, а директорот Рик Пери имаше разговор со Бенитез, а често го споменуваше и Мурињо. Чувството кај сите, во управата и кај фудбалерите беше дека тој не може да биде менаџер поради однесувањето. Тоа што го видовме тогаш на „Олд трафорд“ кога Порто израмни и помина во следната рунда, постоеше мислиње дека такво нешто не се прави во Ливерпул – зборува Карагер.

Мурињо по доаѓањето во Челси освои две титули во Премиер лигата, а третата ја освои во вториот мандат (2014/15), додека Ливерпул под водство на Бенитез триумфира само во Лигата на шампионите, а најпосакуваиот трофеј, во Премиер лигата изостана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот