Ливерпул не е толку силен, Премиер лигата е слаба

twitter/liverpoolfcnews

Поранешниот фудалер на Ливерпул и на Манчестер јунајтед, Пол Инс, смета дека оваа сезона Премиер лигата не е толку квалитетна.

Фудбалскиот свет е воодушевен од неверојатните игри на Ливерпул сезонава во Премиер лигата каде имаат неверојатен скор од 22 победи и само едно реми со гол разлика од +39. „Црвените“ имаат 16 поени повеќе од второпласираниот Манчестер сити и дури 33 повеќе од Манчестер јунајтед, а згора на тоа имаат и натпревар помалку кој вечерва ќе го одиграат.

Пофалби за одличните игри пристигнуваат постојано од сите страни, но поранешниот фудбалер на Ливерпул, Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, Пол Инс, смета дека „црвените“ не се толку силни колку што се слаби екипите, поточно дека Премиер лигата е далеку од нивото на кое некогаш била.

– Иако Премиер лигата е најуспешен фудбалски бренд на светот, но искрено чувствувам дека квалитетот на лигата е преценет. Не е толку добар колку што луѓето мислат дека е – смета Пол Инс.

twitter/Man Utd Profiles

Поранешниот фудбалер на Ливерпул им честита на Јирген Клоп и неговите фудбалери за одличното постигнување, но не пропушти да потенцира дека нема доволно голема конкуренција.

– Тоа што го направи Ливерпул во последните две-три години е фантастично, но податокот дека на половина од сезоната има повеќе од 30 бодови предност пред Манчестер јунајтед, ја потврдува мојата теза дека ривалите на Ливерпул се многу слаби. Го следам Ливерпул, навистина играат добро, тоа може да се каже и за Манчестер сити, но не и за останатите екипи. Многу осцилации има во нивната игра, погледнете ја статистиката на Манчестер јунајтед на натпреварот против Вулверхемптон во ФА Купот, немаа ниту еден шут во рамите на голот. Еј, зборуваме за Манчестер јунајтед, што се случува тука? – се прашува Инс.

Тој смета дека тимот на Манчестер јунајтед од 1990-тите години би им создал големи главоболки на
Ливерпул и на Сити.

– Иако не сакам да ги омаловажувам успесите на Ливерпул и на Сити, мислам дека оваа сезона им е премногу лесно. Имаат систем кој одлично функционира и затоа се пред другите, но лично сметам дека тимот на Манчестер јунајтед за кој јас настапував во 1994 година и на едните и на другите без проблеми ќе им зададе големи главоболки. Длабината на квалитетот на Премиер лигата во средината на 1990-тите години најверојатно е подобра отколку што е сега иако огромни пари влегоа во англискиот фудбал во последните неколку години – вели Инс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот