Ливерпул на лето ќе го жртвува Салах за две екстра засилувања

EPA-EFE/PETER POWELL

Менаџерот Кирген Клоп има јасна слика кои фудбалери ги сака на лето, но и од која ѕвезда е подготвен да се откаже.

Европскиот шампион Ливерпул го означи Џејдон Санчо како главен приоритет во летниот преоден рок. „Црвените„ веќе ја известиле Борусија Дортмунд дека сакаат да започнат преговори за трансфер на одличниот англиски репрезентативец.

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Во Ливерпул се надеваат дека одличните односи на Клоп со управата на „милионерите“ ќе биде пресудна за лидерот во Премиер лигата да успее да го договори трансфер на Санчо кого го бараат речиси сите европски гиганти.

Исто така на „Енфилд“ играат на картата на големото пријателство на Санчо со Александер-Арнолд, Окслејд-Чембрлен и уште неколку млади фудбалери со кои беше соиграч во репрезентацијата.

Главни конкуренти на Ливерпул за потписот со Џејдон Санчо се двата тима од Манчестер, Јунајтед и Сити, но Ливерпул е во предност бидејќи е подготвен веднаш да плати 120 милиони евра.

Клоп планира од Бундес лигата да донесе уште едно големо засилување, одличнио напаѓач Тимо Вернер од Лајпциг. Медиумите и во Германија и во Англија шпекулираат дека овој трансфер е сигурен и на лето германскиот репрезентативец за сума од 70-тина милиони евра ќе се пресели на „Енфилд“.  Ливерпул исто така планира да ја засили и одбраната со дефанзивецот на Витесе, Макс Кларк.

За да дојде до Санчо и до Вернер, Ливерпул ќе мора да продаде еден од своите најдобри фудбалери. Се чини дека Клоп е подготвен да го жртвува Мохамед Салах. Во Ливерпул не се задоволни од желбата на Салах да биде дел од египетската репрезентација која ќе настапи на Олимписките игри во Токио, што значи дека би го пропуштил стартот во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот