Ливерпул на „+25“, Мане од клупата до јубилеј! (ВИДЕО)

фото: твитер

Погодокот прво помина низ ВАР проверка поради евентуален прекршок на Мане врз Зимерман, но судиите утврдија дека нема нерегуларности.

Фудбалерите на Ливерпул ја совладаа на гостински терен екипата на Норич со резултат 0:1. „Редси“ со тој триумф стекнаа 25 поени предност во однос на второпласираниот тим на Премиер лигата, Манчестер сити.

Имаат 17 победи по ред во Премиер лигата, во десет од нивните последните 11 настапи во лигата немаат примено погодок..

Екипата на Јирген Клоп продолжува да „гази“ сè пред себе, иако до 78. минута не изгледаше така на теренот. „Фенерџијата“ Норич не се предаваше така лесно, блескаше нивниот голман Тим Крул.

Единствениот погодок на „Керод роуд“ стадионот беше Садио Мане кој беше пронајден од Џордан Хендерсон, а Сенегалецот одлично се снајде против двајцата дефанзивци на Норич, Максимилијан Аронс и Кристоф Зимерман. Мане пред голот влезе во игра во 60. минута како замена за Окслејд-Чемберлејн.

Погодокот прво помина низ ВАР проверка поради евентуален прекршок на Мане врз Зимерман, но судиите утврдија дека нема нерегуларности. Тоа беше 100. погодок на Сане за англиските клубови, вкупно 75 досега во дресот на Ливерпул, а 25 запиша за Саутемптон.

Со оваа победа „црвените“ се квалификува за наредната сезона во Лигата на шампионите. Ја запишаа 17 победа по ред во домашниот шампионат и доволни им е во наредните 12 натпревари да триумфираат пет пат со цел да ја обезбедат титулата во Премиер лигата.

Претходно саботната програма започна со еден интересен меч на „Ст. Мери`с“ каде што Барнли славеше против Саутемптон (1:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот