Ливерпул му се приклучи на Интер во трката по потписот со Дибала

Пауло Дибала има примамлива понуда од Ливерпул/ фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Англискиот премиерлигаш Ливерпул сериозно е заинтересиран да го ангажира Пауло Дибала од Јувентус. Италијанскиот „Тутормекато“ пишува дека управата на Ливерпул го контактирала агентот на фудбалерот и се распрашувала за евентуален трансфер.

Купувањето на Душан Влаховиќ од Фиорентина за 75 милиони евра, ја натера управата на „старата дама“ да започне чистка во екипата бидејќи пандемијата на коронаворусот „го фрли“ клубот во финансиски проблеми.

Еден од играчите што се наоѓаат на излезни врати од Јувентус е токму Дибала кој сезонава е најдобар играч на екипата. Причината за ваквиот потег е неможноста двете страни да најдат заеднички јазик околу новиот договор.

Првично Јувентус се согласи платата со новиот договор да изнесува осум милиони евра годишно, но подоцна управата ја намали понудата на седум милиони евра по сезона плус бонуси. Тоа не му се допадна на Дибала и ги прекина преговорите.

Застојот сакаат да го искористат Интер и Ливепрул. Италијанскиот шампион веќе му порачал на фудбалерот дека ќе му ја исполни желбата, плата од осум милиони евра плус два милиони во бонуси.
Но, „Тутомеркато“ пишува дека Ливерпул е во предност бидејќи може да му понуди поголема плата и во Дибала го гледаат идеалниот наследник на Мохамед Салах кој се уште не потпишал нов договор со „црвените“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот