Ливерпул маршира кон титулата, падна и Јунајтед

twiter/Liverpool FC

„Црвените“ му се одмаздија на тимот кој сезонава е единствен кој му „откина“ бодови.

Екипата на Ливерпул продолжува со сигурниот од кон шампионската титула која ја чека 30 години. „Црвените“ се неверојатни сезонава со 21 победа и само едно реми досега, а последна жртва на Клоп и неговите фудбалери беше најголемиот ривал, Манчестер јунајтед.

Ливерпул тирумфира со 2:0 и му се одмазди на Јунајтед кој сезонава е единствен што успеа да остане непоразен во дуелите со „црвените“.

По 23. кола во Премиер лигата, Ливерпул е лидер со дури 64 бодови, 16 повеќе од Манчестер сити, а притоа има и натпревар помалку.

Победата ја најави Вирџил ван Дајк со голот во 14. минута, а водството на Ливерпул можеше да биде и поубедливо, но судиите им поништија два гола, еден поради офсајд, а еден поради прекршок над гостинскиот голман, Давид де Хеа.

Конечниот резултат го постави Мохамед Салах во судиското продолжение.
Ливерпул во наредното коло му гостува на незгодниот Вулверхемптон, додека Манчестер јунајтед кој е петти на табелата на домашен терен игра против Барнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот