Ливерпул ќе го засилува нападот со најдобриот стрелец во Бундес лигата?

твитер

Јирген Клоп е подготвен да му ја исполни желбата на Тимо Вернер и да го донесе на „Енфилд“ по завршување на сезоната.

Ливерпул се наоѓа на добар пат конечно да ја освои титулата во Премиер лигата, а менаџерот Јирген Клоп уштег сега планира како да ја засили екипата за наредната сезона.

Според германскиот „Билд“, Ливерпул е сериозно заинтересиран да го купи најдобриот стрелец во Бундес лигата, Тимо Вернер од Лајпциг.
Самата помисла да заигра за англискиот тим му се допаѓа и на Вернер кој е расположен наредното лето да го напушти Лајпиг и да потпише за Ливерпул, иако голем интерес за неговите услуги пројавува и Баерн Минхен.

Според весникот, Лајпциг е подготвен да го продаде талентираниот напапаѓач за 60 милиони евра, сума која е прифатлива за анлискиот тим.

Тимо Вернер сезонава на 26 натпревари во дресот на Лајпциг постигна 25 голови и се наоѓа на делба на првото место на најдобри стрелци во Бундес лигата, заедно со Роберт Левандовски од Баерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот