Ливерпул ја одреди цената за Мане

EPA-EFE/ANDY RAIN

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане се наоѓа на листата на желби на Реал Мадрид. Тренерот Зинедин Зидан го гледа Мане како идеално решение во нападот на „кралевите“, а ваквата идеја е прифатлива и за претедателот Перез.

Сепак, евентуалната реализација на трансферот на Мане во Реал Мадрид, нема да се случи ова летопоради управата на англискиот премиерлигаш. Според весникот „Експрес“, челниците на Ливерпул бараат дури 200 милиони евра за „слободата“ на Мане, а откако ја слушнал цената, Флорентино Перез се откажал од идејата за ангажман на голгетерот на англискиот тим.

Реал Мадрид летово сака да пазари на „Енфилд“, бидејќи претседателот Перез имал неколку средби со менаџерот на Мохамед Салах, но и во овој случај цената за евентуалниот трансфер не би била помала од 200 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот