Ливерпул ита кон титулата, шок за Челси и за Лестер

twitter/Leicester City

Ливерпул со многу мака го совлада тимот на Ватфорд со 2:0 за 16. победа во 17. коло од Премиер лигата. Мохамед Салах ги постигна двата гола за Ливерпул кој по денешните натпревари ја зголеми предноста на табелата.


„Црвените“ со новите три бода сега имаат 49 бодови, 10 повеќе од второпласираниот Лестер кој пред своите гледачи одигра само 1:1 против Норич.

Ремито значеше и крај на серијата од осум победи по ред во Премиер лигата. Пуки донесе водство за Норич, но во 38. минута, гостинскиот голман Крул со несмасна реакција си постигна автогол.


Уште поголем шок доживеа Челси кој е поразен на „Стемфорд бриџ“ од Борнмут со 0:1. Победничкиот гол на натпреварот го постигна Дан Гослинг во 84. минута.


Резултати:
Ливерпул – Ватфорд 2:0, Барнли – Њукасл 1:0, Челси – Борнмут 0:1, Лестер – Норич 1:1, Шефилд – Астон Вила 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот