Ливерпул и во новата година продолжува да ги меле противниците

twitter/Premier League

Во последниот натпревар од 21. коло во Премиер лигата ја продолжи победничката серија со триумфот над Шефилд јунајтед.
Фудбалерите на Ливерпул во 21. коло дојдоа до 20. победа во Премиер лигата со триумфот од 2:0 над Шефилд.

Уште во четвртата минута Мохамед Салах по одличната асистенција му донесе водство на Ливерпул.
„Црвените“ победата ја заверија во 64. минута со голот на Садио Мане.

По 21. коло, Ливепрул е лидер на табелата со 58 бодови, 13 повеќе од Лестер и 14 од третопласираниот Манчестер сити, а воедно има и натпревар помалку во однос на конкурентите за титулата.

Во наредното коло, Ливерпул му гостува на Тотенхем, додека Шефилд ќе игра против Вест Хем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот