Ливерпул и со деца подобар од Евертон, Тотенхем повторно се избламира

twiter/UEFA Champions League

Екипата на Ливерпул продолжува со одличните игри сезонава на сите фронтови. Лидерот во Премиер лигата денеска со 1:0 го совлада градскиот ривал Евертон во рамките на ФА. Успехот на „црвените“ добива на тежина бидејќи Јирген Клоп на оваа средба одлучи да настапи речиси со младискиот тим.

Во отсуство на Ван Дајк, Салах, Робинсон, Вајналдум, Алисон… кои беа на трибините, а Мане и Хендерсон следеа од клупата, главната улога ја имаше капитенот на младинската екипа на „црвените“, Куртинс Џонс кој постигна прекрасен гол.

Сигурен настап имаше и Челси кој со 2:0 го совлада Нотингем Форест со головите на Хадсон-Одои и на Баркли.

За разлика од Ливерпул и Челси, екипата на Тотенхем не успеа да го совлада второлигашот Мидлсброу играјќи само 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот