Ливерпул и Фламенго за светската титула во Доха! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во Доха се одигра и второто полуфинале на Светското клупско првенство, Ливерпул со резултат 2:1 триуфмираше против Монтереј.

После првото полувреме на „Калифа Интернационалниот стадион“ имаше по еден погодок на двете страни. Во 12. минута поведоа фудбалерите на Клоп преку Кеита кој ја искористи прекрасната асистенција на Салах.

Само 120 секунди траеше радоста на европскиот шампион, бидејќи Мексиканците успеаја да израмнат благодарение на Фунес на кого не внимаваше најдобро одбраната на премиерлигашот.

Во самиот финиш од второто полувреме после една убава акција (90+1), Александер-Арнолд во прав момент го пронајде Фирмино, а овој од непосредна близина ја затресе мрежата на Бароверо.

Па така, в сабота од 18.30 часот Ливерпул за светската титула ќе ги одмери силите против бразилскиот Фламенго кој претходно во првата полуфинална средба беше подобар од Ал Хилал.

Ливерпул последен пат во финалето беше во 2005. година кога во Јапонија загуби од Сао Паоло со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот