Ливерпул и Евертон без муниција, Челси ита кон ЛШ

EPA-EFE/PETER POWELL

Мерсисајд дербито кое се играше на „Гудисон парк“ во рамките на 30. коло од Премиер лигата заврши без голови.

Лидерот на табелата во Премиер лигата, Ливерпул по пауза од три месеци го продолжи походот кон првата титула која ја чека 30 години. Играта на Ливерпул беше далеку од таа пред паузата кога ги мелеше своите противници, и на крајот „црвените“ може да бидат задоволни со освоениот бод бидејќи Евертон имаше две одлични шанси во финишот.

Првото полувреме не беше премногу интересно, Ливерпул имаше поголем посед на топката но евидентно беше дека паузата влијаеше на физичката подготвеност и реализацијата.

Во вториот дел, Евертон имаше неколку одлични шанси да постигне гол, но како и одличниот удар на Трент Александер Арнолд не завршија во мрежата на голманите Алисон, односно Пикфорд.

По овој натпревар серијата без пораз на Ливерпул во градското дерби изнесува 19 средби по ред, додека менаџерот Јирген Клоп е во серија од 11 натпревари без пораз од Евертон.

Кристијан Пулишиќ/EPA-EFE/CATHERINE IVILL

За разлика од Ливерпул, Челси за две минути успеа да направи пресврт и негативата да ја претводи во триумф кој ги приближи до Лигата на шампионите. Астон Вила иако беше во подредена позиција во текот на целиот натпревар, поведе во 43. минута со голот на Хаус.
Сепак во второто полувреме Челси успеа да направи пресврт и тоа за само две минути, во 60. минута Пулишиќ израмни, додека Жиру во 62. минута донесе победа за Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот