Ливерпул го продолжува походот кон титулата, падна и Вулверхемптон (ВИДЕО)

twitter/Premier League

Лидерот на табелата, Ливерпул продолжува со фантастичната серија и во 23. натпревар дојде до 22. победа.

Последна жртва на „казнената експедиција“ на Јирген Клоп е екипата на Вулверхемптон која е совладана со 1:2. Јунак на „црвените“ е Роберто Фирмињо кој голот вреден три бода го постигна во 84. минута.

Претходно, капитенот Џордан Хендерсон во 8. минута го отвори резултатот, но домаќините израмнија во 51. минута преку Хозе Хименез.

Единствен проблем за менаџерот на „црвените“ претставува повредата да Садио Мане кој мораше во 33. минута да го напушти теренот.

Со најновата победа, Ливерпул е убедливо прв на табелата со 67 бодови, дури 16 повеќе од Манчестер сити, а згора на тоа има и натпревар помалку.

Наредниот натпревар, Ливерпул повторно го игра на гости против Вест Хем, а натпреварот ќе се одигра идната среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот