Ливерпул го прави најголемиот трансфер во Премиер лигата

EPA-EFE/PETER POWELL

Одличните игри на Ливерпул во последно време почнаа да му носат бенефит и надвор од фудбалските терени, поточно на финансиски план.
Англискиот тим е во преговори со американскиот производител на спортска опрема „Најк“ од следната сезона тие да го „облекуваат“ Ливерпул и за тоа се подготвени да платат вистинско богатство.
Според медиумите во Англија, Ливерпул би потпишал договор со кој би добивал дури 100 милиони евра со што би го соборил рекордот на Манчестер јунајтед, кој добива 90 милиони евра (75 милиони фунти) годишно од „Адидас“.

Ливерпул моментно носи опрема од „Њу баланс“, кој плаќа 50 милиони евра годишно, а договорот истекува наредната година и прв производител на спортска опрема кој презеде конкретни чекори е „Најк“.
Управата на Ливерпул бара 100 милиони евра, сума која е прифатлива за „Најк“, а во игра може да влезе и „Њу баланс“, кој има клаузула во сегашниот договор со која доколку би ја израмнил понудата на конкурентите, тие ќе останат спонзор на англискиот тим.

Најтежок договор има Барселона која минатата година потпиша 10-годишен договор со „Најк“ вреден околу 120 милиони евра по сезона. Реал Мадрид во 2015 година потпиша исто така 10-годишен договор со „Адида“ и заработува 115 милиони евра.
Следен е Манчестер јунајтед со 90 милиони евра по сезона, а Манчестер сити од „Пума добива 80 милиони евра по сезона. Арсенал од „Пума“ и Челси од „Најк“ добиваат 70 милиони евра, а Јувентус добива 60 милиони евра од „Адидас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот