Ливерпул го чека 10.000 гол во својата историја!

EPA-EFE/Phil Noble

Денеска од 21.00 часот во второто коло од Лигата на шампионите екипата на Ливерпул ќе го пречека данскиот претставник Митјиланд. Редси ќе играат на својот стадион „Енфилд“ за првпат од 11 март и поразот од Атлетико Мадрид минатата сезона во четвртфиналето на ЛШ.

Тогаш „јорганџиите“ ја прекинаа низата на „црвените“ од 25 европски победи во низа без пораз на домашен терен. Тоа беше само вториот пораз на клубот во Европа дома за 31 година.

Алисон Бекер се врати на голот во изминатиот викед во дуелот против Шефилд јунајтед и ќе се обиде да ја сочува мрежата незатресена во еден европски дуел и така направи нешто што не му успеа во текот на минатата сезона.

Ќе се обиде Ливерпул да врзе две победи во групната фаза од Лигата на шампионите за првпат од сезоната 2008/09 кога во првите две кола триумфира Марсеј и ПСВ.

И на крајот доколку постигне гол на вечерашниот меч, Ливерпул ќе го слави 10.000 гол во својата историја. Доколку реализира три против данскиот Митјиланд, бројот на погодоци во ЛШ од доаѓањето на германскиот менаџер Јирген Клоп ќе се заокружи на 50.

ЛШ: Реал на „поправен“ во Германија, Интер го тестира Шахтјор!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот