Ливерпул е неверојатен сезонава, може да собори дури 10 рекорди во Премиер лигата

twitter/liverpoolfcnews

Европскиот шампион сезонава игра фантастично и е на добар пат да собори неколку англиски рекорди.

Ливепрул во 22. кола во Премиер лигата има неверојатен скор од 21 победа и само едно реми, има дури 13 бодови предност пред Манчестер сити кој е второпласиран и се наоѓа на добар пат да собори дури 10 рекорди во Премиер лигата.

Првиот рекорд кој може да падне, се однесува на бројот на последователни победи на домашен терен.

Триумфот над Манчестер јунајтед беше 19. во серија и на “црвените“ и се потребна само една победа за да се израмнат со Манчестер сити од сезоната 2011-12, а во следните два натпревари на “Енфилд“ доаѓаат екипите на Саутемптон и Вест Хем, со што се зголемуваат шансите за соборување на рекордот.

Рекорди кои Ливерпул ги напаѓа оваа сезона:

1. Најдобар старт во сезоната: Овој рекорд веќе е соборен бидејќи „црвените“ имаат 21 победа во 22 натпревари.

EPA-EFE/PETER POWELL

2. Највеќе последователни победи на домашен терен: На Ливерпул му се потребни уште две победи за да го собори рекордот на Манчестер сити.

3. Највеќе последователни победи: „Црвените“ се во серија од 13 победи по ред и им недостасуваат уште шест триумфи за да го престигнат Манчестер сити од 2017 година.

4. Број на последователни натпревари без пораз: Ливерпул е во серија од 39 натпревар на кои не е поразен и му се потребни уште 11 средби на кои нема да доживее пораз за да го собори рекордот на Арсенал.

5. Сезона без пораз: Екипата на Арсенал од 2003-04 е единствена која успеала да ја заврши сезоната во Премиер лигата без пораз, а Ливерпул засега е на добар пат да го повтори овој успех.

EPA-EFE/PETER POWELL

6. Највеќе победи во една сезона. Манчестер сити во сезоната 2017-18 оствари 32 победи, а Ливерпул засега е на бројката на 21. триумф од 22 натпревари.

7. Највеќе бодови во една сезона: „Граѓаните“ во сезоната 2017-18 освоија 100 бодови, а Ливерпул доколку продолжи во ова темпо може максимално да освои дури 112 бодови.

8. Највеќе победи на домашен терен за време на сезоната: Ливерпул засега има максимални 12 победи и го очекуваат уште седум натпревари на „Енфилд“.

9. Највеќе победи на гостувањата: Досега „црвените“ победија на девет средби, а им недостасуваат уште осум победи за да го соборат рекордот на Манчестер сити од сезоната 2017-18.

10. Број на денови без пораз: Арсенал во сезоните 2003-04 и 2004-05 беше дури 537 денови непоразен. Ливерпул моменто е на бројката од 382 дена без пораз и доколку не загуби до крајот на сезоната ќе го собори рекордот на „топчиите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот