Ливерпул добива најголем договор во Премиер лигата

Ливерпул минатата сезона по шести пат триумфира во Лигата на шампионите, а остана покус за само еден бод од Манчестер сити во трката за титулата во Премиер лигата. Одличните резултати под водство на Јирген Клоп не останаа незабележани од спонзорите и според магазинот „Форбс“, Ливерпул ќе направи рекорден трансфер. Според “Форбс“, Ливерпул од идната сезона ќе настапува во опрема на американскиот производител Најки и тоа би бил најтежок спонзорски договор во Премиер лигата.

„Црвените“ моментно играат во опрема на „Њу Баланс“ за што добиваат 45 милиони фунти годишно, но договорот им истекува со завршување на оваа сезона и нема да биде продолжен.

Наводно Најки им понудил нешто што не можат да го одбијат и притоа успеа да го победи најголемиот конкурент Адидас.

Моментно, најтежок договор има Манчестер јунајтед кој од Адидас добива дури 75 милиони фунти годишно, но се очекува со новиот договор рекордер да биде Ливерпул, иако засега сумите не и се  познати на јавноста.
Моментно во Премиер лигата, Најки највеќе му плаќа на Челси со кого потпиша 15-годишен договор вреден 900 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот