Ливерпул 50 мечеви по ред без пораз на „Енфилд“! (ВИДЕО)

фото/твитер

Единствениот погодок во триумфот на Редси пред своите навивачи против екипата на Вулверхемптон го реализираше Садио Мане.

Водечката екипа во Премиер лигата во 20. коло денеска го совлада Вулверхемптон на домашен терен со конечен резултат 1:0.

Ливерпул, кој „гази“ кон првата титула после 1990 година, ја оствари 10 победа во низа, 17-та пред своите верни навивачи.

На „Енфилд“ стадионот „црвените“ не знаат за пораз веќе 50 натпревари по ред во најсилната англиска фудбалска лига, со учинок од 40 победи и 10 нерешени средби.

Последен пат Редси беа совладани на 23. април 2017 година од Кристал Палса (1.2). Можност и да го подобрат својот биланс ќе го имаат на 2 јануари во наредното коло против Шефилд јунајтед.

Единствениот гол на денешниот меч против Вулверхемптон го реализираше Садио Мане во 43. минута. Откако ја затресе мрежата, беше побарано преку ВАР снимка да се погледне дали Адам Лалана играл со рака, но видеото покажа дека тоа го направил со рамо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот