Лиу: Понудата на Велика Британија за државјанство на жителите на Хонг Конг е мешање во внатрешните работи на Кина

Кинескиот амбасадор Лиу Џиаоминг во Лондон денеска ја обвини Велика Британија дека се меша во внатрешните работи на Кина и дава несоодветни приговори откако во Пекинг беше усвоен законот за национална безбедност.

– Владата на Велика Британија продолжува да дава неодговрни забелешки поврзани со внатрешните прашања на Хонг Конг, истакна Лиу на видео прес-конференцијата.

Тој додаде дека Велика Британија изнела неоправдани обвиненија за Законот за национална безбедност.

Лиу наведе дека понудата на Велика Британија да им даде државјанство на жителите на Хонг Конг е „чекор што претставува тешко мешање во внатрешните прашања на Кина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот