ЛИТВАНСКО ЕКОНОМСКО ЧУДО: Просечната плата пораснала од 357 на 932 евра

Фото: Профимедиа

Литванија успеа да направи пресврт и од слаба да изгради силна и стабилна економија, која придонесе до подобар живот за нивните граѓани, објави „Б92“.

Во 2004 година, земјата се приклучи на Европската Унија и стана потписник на Шенгенскиот договор, за оттогаш за започне нејзиниот економски подем. Оваа промена е благодарение на неколку клучни реформи, нешто што воопшто не било лесно да се спроведе.

Пред пристапувањето во ЕУ, особено во првата деценија на применувањето на законот за конкуренција во земјата, политиката за конкурентност била насочена кон контролата на цените и на цените кои ги одредувале доминантните компании.

– Во периодот на 90-тите години, Литванија се соочуваше со висока инфлација, спор економски раст и слаба конкуренција – вели Шарунас Касераускас, претседател на Советот за конкуренција на Република Литванија.

За време на разговорите за приклучување кои претходеа на влезот во ЕУ, истакнувани се прашањата како либерализација на пазарот, укинување на непотребните владини пописи, отворање на пазарот и подобрување конкуренцијата.

– Пристапувањето во ЕУ ги зголеми можностите за економски раст на земјата, а условите за економска поддршка и расположливи средства придонесе осигурување на поголеми можности за извоз и увоз, што го поттикна економскиот развој и ја зголеми конкуренцијата во земјата – изјави Касераускас за „Б92“.

Влезот во ЕУ го почувствувал секој граѓанин на Литванија и сите промени кои стигнале во земјата го олесниле секојдневниот живот. Од пристапувањето во Унијата на 1 мај 2004 година, земјата добила 15 милијарди евра финансиска помош, која е искористена за развој на инфраструктурата, засилување на конкуренцијата и намалување на регионалните и социјалните разлики.

– Литванците најверојатно би ја истакнале предноста за слободно движење во Европа, но економистите од друга страна би го свртеле вниманието кон пазарот на ЕУ од 500 милиони потрошувачи кој се отвори за литванските компаии, како и финансиската поддршка која државата ја добиваше – вели за влезот во ЕУ, првиот човек на Советот за конкуренција.

Истражувањето на Еуробарометар спроведено во 2019 година ја потврди полуларноста на ЕУ во земјата, кога 91 отсто од Литванците рекле оти членството во Унијата донело многу позитивни работи за Литванија. Нивото на невработеност се намалило од 11 на 6,2 отсто, а просечната плата пораснала од 357 на 932 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот