ЛИТВАНСКО ЕКОНОМСКО ЧУДО: Просечната плата пораснала од 357 на 932 евра

Литванија успеа да направи пресврт и од слаба да изгради силна и стабилна економија, која придонесе до подобар живот за нивните граѓани, објави „Б92“.

Во 2004 година, земјата се приклучи на Европската Унија и стана потписник на Шенгенскиот договор, за оттогаш за започне нејзиниот економски подем. Оваа промена е благодарение на неколку клучни реформи, нешто што воопшто не било лесно да се спроведе.

Пред пристапувањето во ЕУ, особено во првата деценија на применувањето на законот за конкуренција во земјата, политиката за конкурентност била насочена кон контролата на цените и на цените кои ги одредувале доминантните компании.

– Во периодот на 90-тите години, Литванија се соочуваше со висока инфлација, спор економски раст и слаба конкуренција – вели Шарунас Касераускас, претседател на Советот за конкуренција на Република Литванија.

Прочитајте и...  Комплексната врска помеѓу загадувањето на воздухот и климатската криза (Дел 2)

За време на разговорите за приклучување кои претходеа на влезот во ЕУ, истакнувани се прашањата како либерализација на пазарот, укинување на непотребните владини пописи, отворање на пазарот и подобрување конкуренцијата.

– Пристапувањето во ЕУ ги зголеми можностите за економски раст на земјата, а условите за економска поддршка и расположливи средства придонесе осигурување на поголеми можности за извоз и увоз, што го поттикна економскиот развој и ја зголеми конкуренцијата во земјата – изјави Касераускас за „Б92“.

Влезот во ЕУ го почувствувал секој граѓанин на Литванија и сите промени кои стигнале во земјата го олесниле секојдневниот живот. Од пристапувањето во Унијата на 1 мај 2004 година, земјата добила 15 милијарди евра финансиска помош, која е искористена за развој на инфраструктурата, засилување на конкуренцијата и намалување на регионалните и социјалните разлики.

Прочитајте и...  Да се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и граѓаните со симптоми да се пријават

– Литванците најверојатно би ја истакнале предноста за слободно движење во Европа, но економистите од друга страна би го свртеле вниманието кон пазарот на ЕУ од 500 милиони потрошувачи кој се отвори за литванските компаии, како и финансиската поддршка која државата ја добиваше – вели за влезот во ЕУ, првиот човек на Советот за конкуренција.

Истражувањето на Еуробарометар спроведено во 2019 година ја потврди полуларноста на ЕУ во земјата, кога 91 отсто од Литванците рекле оти членството во Унијата донело многу позитивни работи за Литванија. Нивото на невработеност се намалило од 11 на 6,2 отсто, а просечната плата пораснала од 357 на 932 евра.

Прочитај повеќе

Како Ковид-19 ги надмина еболата, САРС и МЕРС: Заразени се повеќе од 82 илјади луѓе во светот (ВИДЕО)

Слободен печат

Пенс назначи национален координатор за борба со коронавирусот

Слободен печат

Универзитети од САД ги враќаат студентите од Италија поради коронавирусот

Слободен печат

Брнабиќ за продажбата на српската Комерцијална банка: Цената која ја добивме е над горниот ранг

Слободен печат

Франција: Бројот на заразени од коронавирус се зголеми на 38 лица

Слободен печат

НЕВЕРОЈАТНО БЕГСТВО ВО САД: Со едноставна измама се справил со стражарите и излегол од затвор без никаков проблем

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Прв случај на коронавирус во Северна Ирска

МИА Агенција

Со антивирусна експериментална терапија од коронавирус излечени три лица во Италија

Слободен печат

Може ли Полска економски да ја достигне Германија и кога?

Слободен печат

Одмерувањето на силите започна: Џонсон претстави стратегија која воопшто нема да ѝ се допадне на ЕУ

Слободен печат

Харадинај: Измамникот Курти ѝ се предаде на Србија

МИА Агенција

Уште тројца починати од коронавирус во Италија, вкупно 17

МИА Агенција