Литвански политичар осуден на 6 години затвор поради шпионажа

Фото: ЛРТ

Палецкис е познат како политичар со проруски став и противник на литванското членство во НАТО и ЕУ

Суд во Литванија во вторникот го осуди политичарот Алгирдас Палецкис на шест години затвор, откако го прогласи виновен за шпионажа во полза на Русија.

Палецкис е познат како политичар со проруски став и противник на литванското членство во НАТО и ЕУ.

Јавното обвинителство бараше 9 години затвор за Палецкис, кој заедно со други државјани на Литванија, наводно бил плаќан за прибирање информации во корист на руската тајна служба, меѓу февруари 2017 и октомври 2018 година.

Бизнисменот Деимантас Бертаускас, кој се изјасни како виновен во истиот случај и сведочеше против Палецкис, нема да биде кривично гонет.

Палецкис и останатите обвинети лица, беа уапсени во декември 2018 година и беа обвинети дека шпионирале во полза на Русија во замена за паричен или друг вид на надоместок. Москва остро го осуди овој потег. Руското министерство за надворешни работи тогаш апсењата ги нарече „русофобичен потег“.

Во 2014 година, Русија го анектираше украинскиот регион Крим и ги поддржа проруските сепаратисти во источна Украина. Потегот беше осуден од страна на други поранешни советски држави. Од тогаш наваму, Литванија има осудено повеќе луѓе за шпионажа за Русија или за нејзиниот сојузник, Белорусија.

Пресудата за Палецкис не е конечна и против неа може да се поднесе жалба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот