Литванија забрани транзит на руска стока во Калининград, Москва го повика литванскиот амбасадор на разговор

Руски ракетен систем с 400 EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија денеска побара од Литванија веднаш да ја укине забраната за транзит на одредени стоки до руската енклава Калининград.

Руското Министерство за надворешни работи му порача на литванскиот претставник во Москва дека Русија ќе одговори за да ги заштити своите интереси доколку не се воспостави транзит на стока меѓу Калининградската област и остатокот од Руската Федерација преку Литванија.

фото: Профимедиа

Литванија го забрани транзитот на стоки санкционирани од ЕУ преку нејзина територија, која ја вклучува единствената железничка рута меѓу копното Русија и енклавата Калининград на Балтичкото Море.

Забранетите стоки вклучуваат јаглен, метали, градежни материјали и напредна технологија.

Руското Министерство денеска го повика и вршителот на должноста на Литванија, Вирџинија Умбрасена.

„Доколку во блиска иднина транзитот на товар меѓу Калининградската област и остатокот од територијата на Руската Федерација преку Литванија не биде целосно обновен, тогаш Русија го задржува правото да преземе мерки за заштита на своите национални интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот