Литванија со нова провокација: Забранет е транзит на бетон, дрво, алкохол, индустриски хемикалии кон Калининград

EPA-EFE/ARTUR RESZKO POLAND OUT

Додека Москва се закануваше, Литванија не чекаше и воведе дополнителни мерки и забрани во согласност со директивата на ЕУ за спроведување на санкциите.

Додека Москва му се заканува на Вилнус дека остро ќе реагира на неодамнешната економска блокада и транзитот на стоки во таа ексклава, која е под ембаргото на ЕУ, Литванија од утринава го прошири списокот на стоки што не може да се превезат од Русија во таа земја.

Од понеделник наутро е забранет железничкиот транспорт на дрво, алкохол, бетон, индустриски хемикалии на база на алкохол до Калининград, соопшти пристанишниот дел на литванската царина, пренесува Ројтерс.

Русија во петокот предупреди дека ќе преземе остри мерки доколку повторно не се овозможи блокада на транспортот на стока во таа руска ексклава и дека членката на ЕУ и НАТО ќе се соочат со последиците во наредните денови.

Стоките кои припаѓаат на хуманитарни цели или основни категории неопходни за живот се ослободени од овој пакет на  санкции и блокади.

Многумина веруваат дека Русија би можела да реагира со продолжување на затворањето на најголемиот гасовод Северен тек 1 за повеќе од 10 дена при редовниот ремонт.

Калининград, руска ексклава која остана под руска контрола по распадот на Советскиот Сојуз, од сите страни е опкружен со членки на ЕУ и НАТО, првенствено Литванија и Полска, а преку Балтичкото Море е Шведска.

За снабдување, Русија се потпираше на железничкиот транспорт преку територијата на Литванија. Иако превозот на патници е дозволен по пат и железница, тоа не е случај за стоки.

Имено, од 17 јуни оваа ексклава е отсечена од мартичната држава Русија , па транспортот на стоки и материјали во моментов е возможен само со бродови, бидејќи Литванија, согласно одлуката на ЕУ, воведе санкции кон Русија поради нападот на Украина.

Расправијата околу изолацијата на Калининград ја тестира решеноста на Европа да ги спроведе санкциите, зголемувајќи ги стравувањата од ескалација и конфронтација со Русија, откако другите ограничувања ја принудија Москва да не ги плати долговите.

Европските претставници, со поддршка на Германија, побараа компромис за решавање на конфликтот на крајот на јуни. Сепак, извори за Ројтерс изјавија дека Литванија, поранешна советска република во која некогаш доминираше Русија, има сериозни резерви за да го направи она што може да се смета како отстапка за Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот