Литванија со 12 кошаркари за натпреварот против Македонија во Скопје

фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Новиот селектор на репрезентацијата на Литванија, Риманс Куртинаитис го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2025 против Македонија, кој е закажан за 21 ноември во Скопје.

На листата се наоѓаат имињата на 12 играчи, во кој две третини, како што објаснува Куртинаитис, се од домашниот шампионат. Поточно, осум кошаркари кои оваа сезона настапуваат во литванските клубови ќе играат во репрезентацијата, додека останатите четири доаѓаат од „странски екипи“.

Куртинаитис избра петмина кошаркари од шампионот на ЛКЛ лигата, Вилнус: Маргирис Норматас, Мартинас Палиукенас, Гитис Раџевичиус, Гитис Масиулис и Чуолас Тубелис. Освен нив во националниот тим се повикани и Лукас Лекавичиус од Жалгирис, и Криступас Жемаитис од Вулвс Винус и Лауринас Белиаускас од Јувентус Утена.

Двајца играчи, Освалдас Олисевичиус и Еимантас Бенџиус, доаѓаат од италијански клубови, Мартинас Еходас од Турција и Миндаугас Кузминскас од Грција.

Инаку, Литванците се собираат на тренинг на 18 ноември, на кампот во Вилнус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот