Литванија ги советува граѓаните да не купуваат кинески мобилни телефони

луѓе телефони мобилни телефони смартфон телефон
Луѓе со мобилни телефони / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Министерството за одбрана на Литванија ја советува јавноста да избегнува купување мобилни телефони од кинески производители и да се ослободи од нив што е можно поскоро, доколку ги поседуваат.

Министерството ги советуваше граѓаните да се ослободат од мобилните телефони од кинеско производство, истакнувајќи дека владиниот извештај откри дека тие имаат вграден софтвер за цензура.

– Телефоните кои се продаваат во Европа од кинескиот гигант за паметни телефони Ксиаоми Корп имаат способност да детектираат и цензурираат термини како што се „Слободен Тибет”, „Да живее независноста на Тајван” или „Движење за демократија”, соопшти литванската Агенција за кибер безбедност.

Во извештајот на литванската Влада се наведува дека софтверот на телефонот Mi 10T 5G на Ксиаоми е исклучен за регионот на Европската унија, но може да се вклучи од далечина во секое време. Исто така, се наведува дека телефоните на Ксиаоми испраќаат шифрирани податоци за користењето на уредот до сервер во Сингапур. Извештајот открива дека листата на термини кои можат да ги цензурираат системските апликации, вклучувајќи го и стандардниот интернет прелистувач на Ксиаоми, во моментов содржи 449 изрази на кинески и постојано се ажурира.

Беше кажано дека ова е важно не само за Литванија, туку и за сите земји кои користат опрема на Ксиаоми.

– Наш совет е да не купувате нови кинески телефони и што побрзо да се ослободите од веќе купените, изјави литванскиот заменик министер за одбрана Маргирис Абукевичиус.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот